Kirjakovski.mk

Молчењето е р‘ѓа.

Ние Македонците имаме поговорка: „молчењето е злато“. Но дали тоа навистина е така? Дали навистина молчењето носи злато? Сигурно не носиме очила за сонце за да се заштитиме од сиот тој отсјај и сигурно не се мачкаме со лосион против УВ зраци. Едноставно кажано – молчењето ни донесе само р‘ѓа. Посебно молчењето на тие што навистина имаат што да кажат, а одбираат да молчат. Токму затоа одлучив да ги споделувам моите мисли секогаш кога ќе имам нешто да кажам – и нема да молчам.
Зошто зеваме?

Зошто зеваме?

Ајде да се обложиме дека во текот на читањето на овој напис барем еднаш ќе зевнете. Не затоа што e здодевен — туку поради фактот што зевањето е многу „заразно“. Ова го тврдам врз основа на студиите кои покажуваат дека во лабораториски услови зевањето може да се поттикне преку разни методи: на пр. помисла на зевање 1, гледање видео материјали од луѓе коишто зеваат, дури и читање приказни во кој ликовите зеваат се доволни да предизвикаат физички акт на зевање 2....

април 14, 2023
Автоматичност: дефиниција и компоненти

Во фокусот на окото

Додека ги читате овие реченици, буквите се оцртуваат и отскокнуваат од позадината, нивните линии се остри и прецизни, но ако само за момент ги свртите очите за некој сантиметар понастрана од нив — стануваат замаглени и нечитливи. Впрочем, повторно обрнете внимание на првата реченица од воведниот параграф погоре додека ја читате следнава реченица: Мојот дружељубив коњ со тих галоп фаќа брз џиновски глушец по туѓо ѕитче.1 Забележувате дека во отсутво на очен фокус, скоро е невозможно да се прочита што пишува погоре во текстот....

март 7, 2023
Автоматичност: дефиниција и компоненти

Автоматичност: дефиниција и компоненти

Автоматичноста е еден од основните феномени кои се истражуваат во когнитивните науки. Таа се дефинира како способност да се процесираат информации и извршуваат задачи брзо, ефикасно и независно, без исцрпување на когнитивните ресурси, без свесна намера, без внимание и напор, со еден збор – без некаква когнитивна контрола. Карактеристично за автоматските процеси е тоа што тие се иницирани и водени од дразбите (не од целите и намерите на организмот), често се ригидни, стереотипни и нефлексибилни....

март 5, 2023
Праговите на перцепцијата: праг на дискриминација

Праговите на перцепцијата: праг на дискриминација

Претходно зборувавме за апсолутниот праг на перцепцијата врз основа на кој организамите детектираат присуство или отсуство на одредена дразба. Во овој напис ја дискутираме најмалата потребна разлика во интензитетот на дразбите за организмот да ги разликува една од друга. На Слика 1 е прикажана мојата дигитална кујнска вага. Нејзиниот произведувач тврди дека таа мери тежини до 2 kg со прецизност од 1 g. Со други зборови, вагата може да “перцепира” две различни тежини само доколку тие се разликуваат меѓусебно за најмалку 1 грам....

март 4, 2023
Неетичноста на лошите договори

Неетичноста на лошите договори

Според конвенционалното сфаќање на работите, договарањето има за цел да ги уреди работите, да го отстрани конфликтот меѓу договорните страни и да најде решение за споровите. Но тоа има смисла само во „добрите“, етички договори, односно оние коишто се постигнати во фер процес и чии страни се чувствуваат еднакви, слободни и за кои договореното е прифатливо. Лошите и неправедни договори се полоши дури и од немањето договор. Полоши дури и од самиот спор кој се обидуваат да го решат: лошиот договор може дополнително и далекусежно да ги искомплицира состојбите, да создаде нови проблеми и да ја направи ситуацијата уште пострашна од претходно....

јануари 7, 2023
Удобноста на слугувањето

Удобноста на слугувањето

Да се мисли со својата глава или не – прашање е сега! Оваа варијација на Хамлетовата дилема има за цел да ја сумира главната теза на колумнава – дека и состојбата на немислење може да те доведе до пријатен, удобен, здебелен живот. Иако уште од забавиште нѐ убедуваат дека треба да учиме, да го осознаваме светот и стекнуваме разни вештини, „критички да размислуваме“ под премисата дека тоа ќе ни овозможи поголем успех во животот, сепак сведоци сме дека многумина откриле еден далеку поедноставен начин за лесничко виреење – да бидат слепо послушни и да слугуваат....

септември 22, 2022
Како самите допринесуваме за губењето на демократијата и слободите

Како самите допринесуваме за губењето на демократијата и слободите

Македонија наводно е демократска држава – и според уставот и според вредностите на своите граѓани. Ние сакаме да живееме во мир, во слобода, сакаме да имаме право на избор, сакаме да одлучуваме за сопствената судбина. Но дали е тоа така? По насилната и наметната промена на името и игнорирањето на најдемократската форма на избор – референдумот за името кој Македонците масовно го бојкотираа и недвосмислено покажаат дека такво прашање не заслужува дури ниту одговор – де факто, Македонија не е демократска држава....

септември 6, 2022
Редок генетски синдром открива како модерниот човек еволуирал „попријателско“ лице

Редок генетски синдром открива како модерниот човек еволуирал „попријателско“ лице

Во биологијата сѐ е предмет на еволуција, па дури и човековото лице. Тоа е можеби најважниот дел од телото – преку него се храниме и дишеме, но пред сѐ, лицето е главниот апарат преку кој човекот и останатите социјални видови комуницираат. Лицата на нашите подалечни предци изгледале прилично поразлично од лицето на модерниот човек. Едно од главните прашања кога нешто се проучува во еволуцијата е како и зошто еден еволуциски процес довел до одреден фенотип (надворешниот изглед или надворешната појава на својствата и белезите кај организмите; види Анимација 1 за тоа колку поразлично изгледале нашите биолошки предци)....

август 27, 2022
Привлечноста на лошите вести

Привлечноста на лошите вести

Само лоши вести во последно време, нели? Секојдневно се повеќе сме разочарани од тоа што го читаме по медиумите, од она што го гледаме на телевизија. Многумина дури и свесно избегнуваат да следат вести, чувствувајќи апатија и летаргија поради огромната количина на негативна содржина која влијае стресно и вознемирувачки (негативните психолошки ефекти од негативните медиумски содржини станаа посебно евидентни за време на корона пандемијата). Таквата содржина ја пасивизира и демотивира јавноста и со тоа сериозно го поткопува општеството....

август 11, 2022
Дигиталниот слон во собата

Дигиталниот слон во собата

Законот за т.н. „дигитални учебници“ сѐ уште тивко стои со отворен статус на Електронскиот национален регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) уште од месец Март, 2021. Се чини дека минатата година после бурната реакција на јавноста, каде родителите и интелектуалците директно се спротиставија на екс министерката Мила Царовска и нејзината желба да воведе урнебесни промени во македонското образование без да се повика на научните факти и сознанија, во моментов темата за истата таа „дигитализација“ е стишена и закопана во илјадниците други контроверзии кои се случија оттогаш....

март 23, 2022