Kirjakovski.mk
Архангел – Разговор без смисол (кавер)

Архангел – Разговор без смисол (кавер)

Архангел беа навистина одличен и оригинален македонски бенд. Мислам дека досега не се надминати, првенствено поради прекрасните гитарски линии и хармоничност, но поради и тоа што создадоа жанр самите посебе. Светски звук, светски бенд. Во оваа моја изведба се обидов да го доловам звукот и хармоничноста преку аранжман за соло гитара. ПС. Може и да го следнете мојот јутјуб канал ;-).

јануари 8, 2022
Дали навистина сме беспомошни?

Дали навистина сме беспомошни?

Во 1967 година еден млад постдипломец шета низ темните и долги ходници на Универзитетот во Пенсилванија. Додека неговите чекори одекнуваат низ мермерното ехо, Мартин Селигман размислува за тоа зошто некои од неговите колеги честопати се пасивни, демотивирани, зошто лесно се откажуваат дури и од решавањето на наједноставните задачи и предизвици, зошто постојано се жалат како ништо не им оди од рака и како не можат да си ја променат „судбината“....

јануари 1, 2022
Праговите на перцепцијата: апсолутен праг

Праговите на перцепцијата: апсолутен праг

Во 1860 год. една книга радикално го менува мислењето на многу тогашни научници и филозофи кои сметале дека човечкиот ум не може објективно да се мери. Германскиот физичар Густав Теодор Фекнер (1801–1887) ја објавува „Елементи на психофизиката“, книга со која практично психологијата станува експериментална наука. Психофизиката ја проучува релацијата помеѓу физичката стимулација врз сетилата и перцепцијата која произлегува од таа стимулација. Таа има за цел физички да ја квантифицира перцепцијата и тежнее да одговори на две битни прашања:...

декември 28, 2021
Фобии, ривалство, гадење, сексуален фетишизам и маркетинг: Павловото условување во пракса

Фобии, ривалство, гадење, сексуален фетишизам и маркетинг: Павловото условување во пракса

Се сеќавате ли на малиот Зоки од претходниот напис? Палавкото по третото одење на заболекар разви силна одбивност кон белите мантили (условна дразба) затоа што почна да ги асоцира со болката (безусловна реакција) предизвикана од бушењето на дупчалката (безусловна дразба). Колку и да делува нерационално неговата фобија, наученото создавање на врски помеѓу стимулациите од средината игра исклучително важна улога во преживувањето на организмот. Суштината на асоцијативното учење во кое спаѓа и Павловото условување е да го подготви организмот оптимално да реагира на состојбите во средината и по можност да ги предвиди идните настани врз база на минататото искуство....

ноември 28, 2021
Замките на дигиталната технологија во учењето

Замките на дигиталната технологија во учењето

Зуењето околу најавените дигитални учебници во образованието не стивнува. Сѐ уште за жал, наместо да се води искрена, суштинска и научна дебата околу квалитетот на образованието на децата и младите, наместо да се носат одлуки врз основа на проверени научни факти и податоци (evidence-based decision making), до овој момент министерката Мила Царовска нема слух за независната научна јавност и продолжува да симулира квазидебата со повторувањето на разноразните општи флоскули и „шарени стакленца“, притоа своеглаво терајќи си со „реформите“....

октомври 14, 2021
Дигитални реформи со аналогни последици по децата и младите

Дигитални реформи со аналогни последици по децата и младите

Кога ќе прочиташ соопштение од Владата на Република Македонија кое почнува со популизам од типот „Реакциите на јавноста дека во училиштата се применуваат парталави учебници кои имаат застарена и несоодветна содржина, многу технички и граматички грешки, нелогичности и дискриминација, стануваат минато“ – веднаш знаеш дека „рибата смрди од опашката“. Кога ќе прочиташ и друго соопштение каде првата реченица демагошки гласи „Ако до вчера на тема учебници дискутиравме за криминал, корупција и штетни договори, јас сум среќна што денеска дискутираме за [sic] исклучиво за квалитетот на учебниците“ – тогаш нема сомнеж дека станува збор за „неодговорна и тешка, геостратешка грешка“....

октомври 7, 2021
Sвонче, месо и плунка: Павлово условување

Sвонче, месо и плунка: Павлово условување

– Абе каци бе тиии? – прашува заболекарот милно гледајќи во малиот Зоки. Крајно пријателскиот однос на докторот се должи на тоа што Зоки веќе по трет пат се наоѓа во истата ординација, довлечкан од своите родители за да му ги поправат запчињата. Иако сите околу него се насмеани и крајно мотивирачки, секогаш палавиот Зоки сега е сосема тивок, уплашен и со насолзени очи. Со самото здогледување на белиот мантил на заболекарот, знае што следува: дупчалка и непријатна болка....

септември 27, 2021
Текот на спомените: Аткинсон-Шифрин модел на меморијата

Текот на спомените: Аткинсон-Шифрин модел на меморијата

Сребрен џип од марката Volkswagen Touareg брзо ги минува километрите на автопатот кај местото Нова Градишка во Република Хрватска рано утрото на 16 октомври, 2007 година. На совозачкото место седи Тоше Проески, македонскиот пејач со волшебен глас, зад него, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и возачот Ѓорѓе Георгиевски — негов пријател. Тивко е во возилото додека Тоше сè уште спие и го сонува својот утрински сон. Повеќе никогаш нема да се разбуди од него....

април 12, 2021
Да бидеме реални за реалноста: сензација, перцепција, когниција

Да бидеме реални за реалноста: сензација, перцепција, когниција

„Да видам, па да поверувам“ е стара изрека која за првпат се среќава во литературата некаде околу средината на 17-от век. Таа денеска се користи на многу јазици во секојдневниот говор, како наслов на новели, филмови, песни, па дури и како име на организации. Во суштина, изреката содржи правило за потврдување на информација која е од сомнително потекло. Потврдувањето се врши преку лично „сведочење“ со помош на сетилата или во овој случај – видот....

февруари 17, 2021
Гешталт принципи на организација во визуелната перцепција

Гешталт принципи на организација во визуелната перцепција

Во афричка савана, набљудуваме четири долги и елегантни нозе, кафеавкасти петна кои се протегаат по должината на најдолгиот врат во природата, на чиј врв се наоѓа долгнавеста глава со пар тенки уши, врз која има две рогчиња во форма на четки. Не е тешко да се заклучи дека животното кое полека џвака трева и мрзеливо гледа кон нас, е всушност – жирафа. Она што не е лесно да се заклучи е тоа како му успева на нашиот визуелен систем да ја препознае таа колекција на поединечни елементи, да ги групира и организира во еден заеднички перцепт на ова животно....

декември 5, 2020