Kirjakovski.mk
Автоматичност: дефиниција и компоненти

Автоматичност: дефиниција и компоненти

Автоматичноста е еден од основните феномени кои се истражуваат во когнитивните науки. Таа се дефинира како способност да се процесираат информации и извршуваат задачи брзо, ефикасно и независно, без исцрпување на когнитивните ресурси, без свесна намера, без внимание и напор, со еден збор – без некаква когнитивна контрола. Карактеристично за автоматските процеси е тоа што тие се иницирани и водени од дразбите (не од целите и намерите на организмот), често се ригидни, стереотипни и нефлексибилни....

март 5, 2023
Праговите на перцепцијата: праг на дискриминација

Праговите на перцепцијата: праг на дискриминација

Претходно зборувавме за апсолутниот праг на перцепцијата врз основа на кој организамите детектираат присуство или отсуство на одредена дразба. Во овој напис ја дискутираме најмалата потребна разлика во интензитетот на дразбите за организмот да ги разликува една од друга. На Слика 1 е прикажана мојата дигитална кујнска вага. Нејзиниот произведувач тврди дека таа мери тежини до 2 kg со прецизност од 1 g. Со други зборови, вагата може да “перцепира” две различни тежини само доколку тие се разликуваат меѓусебно за најмалку 1 грам....

март 4, 2023
Редок генетски синдром открива како модерниот човек еволуирал „попријателско“ лице

Редок генетски синдром открива како модерниот човек еволуирал „попријателско“ лице

Во биологијата сѐ е предмет на еволуција, па дури и човековото лице. Тоа е можеби најважниот дел од телото – преку него се храниме и дишеме, но пред сѐ, лицето е главниот апарат преку кој човекот и останатите социјални видови комуницираат. Лицата на нашите подалечни предци изгледале прилично поразлично од лицето на модерниот човек. Едно од главните прашања кога нешто се проучува во еволуцијата е како и зошто еден еволуциски процес довел до одреден фенотип (надворешниот изглед или надворешната појава на својствата и белезите кај организмите; види Анимација 1 за тоа колку поразлично изгледале нашите биолошки предци)....

август 27, 2022
Привлечноста на лошите вести

Привлечноста на лошите вести

Само лоши вести во последно време, нели? Секојдневно се повеќе сме разочарани од тоа што го читаме по медиумите, од она што го гледаме на телевизија. Многумина дури и свесно избегнуваат да следат вести, чувствувајќи апатија и летаргија поради огромната количина на негативна содржина која влијае стресно и вознемирувачки (негативните психолошки ефекти од негативните медиумски содржини станаа посебно евидентни за време на корона пандемијата). Таквата содржина ја пасивизира и демотивира јавноста и со тоа сериозно го поткопува општеството....

август 11, 2022
Праговите на перцепцијата: апсолутен праг

Праговите на перцепцијата: апсолутен праг

Во 1860 год. една книга радикално го менува мислењето на многу тогашни научници и филозофи кои сметале дека човечкиот ум не може објективно да се мери. Германскиот физичар Густав Теодор Фекнер (1801–1887) ја објавува „Елементи на психофизиката“, книга со која практично психологијата станува експериментална наука. Психофизиката ја проучува релацијата помеѓу физичката стимулација врз сетилата и перцепцијата која произлегува од таа стимулација. Таа има за цел физички да ја квантифицира перцепцијата и тежнее да одговори на две битни прашања:...

декември 28, 2021
Текот на спомените: Аткинсон-Шифрин модел на меморијата

Текот на спомените: Аткинсон-Шифрин модел на меморијата

Сребрен џип од марката Volkswagen Touareg брзо ги минува километрите на автопатот кај местото Нова Градишка во Република Хрватска рано утрото на 16 октомври, 2007 година. На совозачкото место седи Тоше Проески, македонскиот пејач со волшебен глас, зад него, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ и возачот Ѓорѓе Георгиевски — негов пријател. Тивко е во возилото додека Тоше сè уште спие и го сонува својот утрински сон. Повеќе никогаш нема да се разбуди од него....

април 12, 2021