Kirjakovski.mk
Праговите на перцепцијата: праг на дискриминација

Праговите на перцепцијата: праг на дискриминација

Претходно зборувавме за апсолутниот праг на перцепцијата врз основа на кој организамите детектираат присуство или отсуство на одредена дразба. Во овој напис ја дискутираме најмалата потребна разлика во интензитетот на дразбите за организмот да ги разликува една од друга. На Слика 1 е прикажана мојата дигитална кујнска вага. Нејзиниот произведувач тврди дека таа мери тежини до 2 kg со прецизност од 1 g. Со други зборови, вагата може да “перцепира” две различни тежини само доколку тие се разликуваат меѓусебно за најмалку 1 грам....

<span title='2023-03-04 21:25:04 +0200 +0200'>март 4, 2023</span>
Праговите на перцепцијата: апсолутен праг

Праговите на перцепцијата: апсолутен праг

Во 1860 год. една книга радикално го менува мислењето на многу тогашни научници и филозофи кои сметале дека човечкиот ум не може објективно да се мери. Германскиот физичар Густав Теодор Фекнер (1801–1887) ја објавува „Елементи на психофизиката“, книга со која практично психологијата станува експериментална наука. Психофизиката ја проучува релацијата помеѓу физичката стимулација врз сетилата и перцепцијата која произлегува од таа стимулација. Таа има за цел физички да ја квантифицира перцепцијата и тежнее да одговори на две битни прашања:...

<span title='2021-12-28 01:55:16 +0200 +0200'>декември 28, 2021</span>